Articles Posted in the " ВИДЕО " Category

  • Музичко медитирање на „Логичко-филозофски трактат“ – како звучи Витгенштајн

    Музичкиот трактат на Тибор Семзе – или како звучи „Логичко-филозофски трактат“ од Витгенштајн преточен во медитативна музика. Не само што Семзе ги адаптираше на музичка основа мислите од Лудвиг Витгенштајн за односот на јазикот и реалноста, туку тоа го направи вклучувајќи неколку разлчни јазици на кои се читани секвенци од делото на филозофот. Така, во […]



  • Хајдегер рецитира

    Химната Der Ister (латинското име за реката Дунав) од поетот Фридрих Хелдерлин, во интерпретација на Мартин Хајдегер. Според името на оваа песна е именувано и предавањето кое Мартин Хајдегер го одржал Универзитетот во Фрајбург, 1942 година, со целосен наслов Хелдерлиновата химна Истер. Предавањето за прв пат е објавено во 1984 година, како 53-то поглавје во […]


  • Стево Жигон, 1968: Робеспјер пред студентите во окупираниот Филозофски факултет

    4 јуни, 1968 година, пред студентите кои го окупираа Филозофскиот факултет во Белград, славниот актер и комунист Стево Жигон го интерпретира еднакво славниот говор на Робеспјер. Сцената е од филмот „Lipanjska Gibanja“ од Желимир Жилник, посветен на студентските демонстрации во Југославија, 1968 година. Говорот е дел од претставата „Смртта на Дантон“ во која своевремено играше […]


  • Нил ДеГрас Тајсон и прашањето „Која е смислата на животот“

    На славниот астрофизичар, за време на еден дебатен собир во Бостон, 6-годишниот љубопитник му го постави, според многумина големи умови, вечното прашање: „Која е смислата на животот?“ Еве што имаше да му каже на малиот во однос на ова прашање Нил ДеГрас Тајсон. 600 total views, no views today


  • За студенти на филозофија: 44 срдечно препорачани филмови

    Една од најкарактеристичните одлики на генијалните филмови е дека човека „ќе го остават во мисла“. Уште од Хегел е познато дека филозофијата и уметноста (поимот и сликата) се сосема идентични во поглед на содржината, а се разликуваат само според медиумот преку кој ја изразуваат. Филмот е каде – каде подискурзивен од литературата, а поживописен и […]


  • Хана Арент кај Гинтер Гаус

    108 години од раѓањето на Хана Арент. Во таа чест, во нејзина чест и во име на поубав, помудар и подобар свет – интервју со Арент од пред точно 60 години (поточно направено на 28 октомври, 1964 година), како гостинка кај Гинтер Гаус. 818 total views, no views today


  • Хајдегер во кујната

    Филозофската мисла на Мартин Хајдегер, презентирана на еден неконвенционален начин. 725 total views, no views today


  • Славој Жижек: Анатисемитизмот, антисемитите и Евреите

    Славој Жижек, во предавање од пред неколку години, се конфронтира со антисемитизмот, ционизмот, Израел, Евреите и Палестина, преку про и контра примери од делата на Жак Лакан, Ален Бадjу, Карл Маркс, Жил Делез, Годар и Алфред Хичкок, меѓу другите, во EGS (European Graduate School) во Сас Фе, Швајцарија. 763 total views, no views today