Articles Posted in the " ОНТОЛОГИЈА " Category

  • ДЕВЕТ МИСЛОВНИ ЕКСПЕРИМЕНТИ ОД КОИ ЌЕ ВИ СЕ ЗЕМЕ СОНОТ

    1. Дилема на затвореникот Ова е класичен проблем во теоријата на игрите во кој осомничените се соочуваат со доста тешка дилема – дали да го признае или не делото. Маката е во тоа што никој од нив не знае како ќе одлучи другиот. Еве ја оваа дилема според Stanford Encyclopedia of Philosophy „Трпе и Трајче […]


  • ЗА ДЕТЕРМИНИЗМОТ – Предраг Враницки

    Проблеми на детерминизмот Досега главно стануваше збор за општите одредби на објективната стварност во поглед на непосредноста на постоечкото т.е. непосредноста на различните поединечни облици на постоење на материјата. Меѓутоа, самото  искуство од една страна ни кажува дека поединечните предмети не се наоѓаат само во непосреден однос на постоење, туку и дека стапуваат во повеќекратни […]


  • Само човек од перо – интервју со Хорхе Луис Борхес

            На 14 април 1976, Денис Датн и Мајкл Паленсија – Рот, обајцата издавачи на Филозофија и литература, заедно со нивниот колега Лоренс И. Берков од Мичигенскиот универзитет го интервјуираа Хорхе Луис Борхес во Мичигенскиот универзитет каде што држеше предавања во  зимскиот семестар. Долниов транскрипт ги содржи централните и супстанцијалните делови од […]


  • „Распаѓање“

    РАСПАЃАЊЕ   Вдишувам   Се движам низ шумата И ги посматрам паднатите дрва Нивното трулење Семиотиката на распаѓањето   Се чувствува мирисот на земја и паднато лисје Труло стебло кое се дели во ситни парчиња Пополека пропаѓа И исчезнува Како што и нашето тело еден ден ќе иструли И исчезне Оставајќи траг Во шумата Парчиња […]


  • Курт Гедел – човекот кој го победи времето

    Не постои почеток. Се обидов да го измислам но беше лага, а јас не сакам да лажам. Приказнава ќе започне онаму каде што заврши, во средината. Триаголник или круг. Закривена линија со три точки: минато, сегашност и иднина. Декември 1977 година, со тежина од 29 килограми е хоспитализиран професорот по математичка логика во болницата Принстон. […]


  • „Не читај книги!“ – зен песна од 12 век

    Не читај книги Не читај книги! Не пеј поеми! Читањето книги ги свенува твоите очи оставајќи соголени празнини очни. Пеењето поеми срцето ти го арчи со секој еден изречен збор. Велат, читањето книги е уживање. Велат, пеењето поеми е забавно. Но, ако усните твои севездени се звучни како бубалка што зуи во есенско доба, не […]


  • Дејвид Хјум: За бесмртноста на душата

    Се чини тешко да се докаже бессмртноста на душата само со разумот. Аргументите за неа обично се преземаат од метафизички, морални или физички тврдења. Но, реално земено, евангелието и само евангелието е она што ги извади на видело животот и бессмртноста. 1. Метафизичките тврдења се темелат врз претпоставката дека душата е нематеријална и дека е […]


  • Дали Ниче е нихилист?

    Нихилизмот во западната мисла Кога Бог и создавањето стануваат објекти на свеста, човекот станува нихилист, вели американскиот литературен критичар Хилис Милер: „нихилизмот е ништожноста на свеста кога таа станува основа на се што постои“.[1] Критиките на постмодерната, посебно на деконструкцијата, укажуваат на радикализација на хуманистичката перспектива што води кон нихилистичка релативизација на сите идеи и […]


  • Душевната кујна на Маја Мухиќ: Современа номадо-логија

    Голем дел од моие патувања беа резултат на професионална надградба, работни обврски, образование, но дури и тогаш, беа поттикнати длабоко од мојата внатрешна одлука да патувам, да почувствувам какви се боите, мирисите, изгрејсонцето, храната и зачините, таму некаде, надвор од ова што го познавам. Со текот на времето, почнував да чувстувам дека патувањата му даваат […]


  • Што е ништото?

    Исак Асимов – мудрец на науката, шампион во креативност во образованието, визионер на иднината, љубител на библиотеките, пријател на Мапетите – претставува еден од највизионерските научни умови во модерната историја. Секоја година Планетариумот Хејден при Американскиот музеј на природната историја, чијшто посветен поддржувач е Асимов, е домаќин на Меморијалната дебата Исак Асимов, во која се […]