Articles Posted by the Author:

  • ЗА ЕЛИТИЗМОТ

    Што значи елитизмот во доба на мас – медиумска семоќ? Применето врз една уметничка пракса, во која мерка тој претставува прекор или препорака? Дали е во некаква корелација со прогресивноста или реакционарноста, еманципаторскиот или заглупувачкиот капацитет на таа уметничка пракса?   Политичка и уметничка модерна Доколку поаѓалиште ни биде колоквијалното разбирање за елитистичкото како нешто […]


  • БИРИНЏИ БИТОВИ – РИТАМОТ И ЕСТЕТИКАТА НА СОВРЕМЕНАТА МУЗИКА од Бен Нил

      Точно во оваа точка од развојот на компјутерската музика, изгледа дека размената на идеи меѓу високата и популарната уметност се здобива со особена важност. Навистина, заштитниот ѕид кој толку долго ги држеше заемно исклучени се чини дека покажува знаци на кршливост. Изгледа дека само што не сме влегле во сосема нова културна архитектура која […]


  • Само човек од перо – интервју со Хорхе Луис Борхес

            На 14 април 1976, Денис Датн и Мајкл Паленсија – Рот, обајцата издавачи на Филозофија и литература, заедно со нивниот колега Лоренс И. Берков од Мичигенскиот универзитет го интервјуираа Хорхе Луис Борхес во Мичигенскиот универзитет каде што држеше предавања во  зимскиот семестар. Долниов транскрипт ги содржи централните и супстанцијалните делови од […]


  • ОТАДЕ ВИСТИНИТОТО И ЛАЖНОТО

    Будистичката мисла е полна со контрадикторности. Модерната логика сега  учи дека тоа е многу добра работа     Западните филозофи, сѐ на сѐ, не гледаат на будистичката мисла со многу ентузијазам. Како што ми рече еднаш еден колега, „Сето тоа е само мистицизам“. Овој став делумно се должи на незнаење. Но, исто така, делумно и […]


  • Чедомил Вељачиќ: „Филозофија на источните народи – Јапонија“ (избор) Трет дел

      Во времето по таика – реформата кога се основа единствена јапонска држава угледот на конфучијанизмот бил силен во рамките на општото влијание на кинеската цивилизација. Центар на тоа влијание во Јапонија бил универзитетот чие влијание во јавниот живот било особено важно за време на преселувањето на престолнината од Нара, на почетокот од хеианскиот период […]



  • Извадоци од аналектите на Конфучие

    2 книга 15 глава Учителот рече:„Учењето без мислење и изгубена работа; мислата без учење е погубна“ 4 книга  14 глава Учителот рече: „Човек треба да си рече , не ми е толку грижа што нема место колку што ми е грижа колку ќе сум погоден за некое место.  Не ме загрижува тоа што не сум […]


  • Кинеската Логика од Артур Греам

    Систематското аргументирање во кинеската филозофија започнало со моистичката школа, која во петтиот век п.н.е ја основал првиот анти – конфучиевски мислител Мо Ѕе. Тој поставил три мерила за вистината на едно учење: стариот авторитет, општото искуство и практичниот ефект. Најнапред расправите на различните школи за моралните и политичките начела довеле до засилена строгост во докажувањата, […]



  • Зошто пилето ја преминало улицата?

    Буда Ако си го поставуваш тоа прашање, со тоа ја негираш својата изворна Пиле – природа. Зенон Елеецот За да докаже дека никогаш не би можело да ја стигне другата страна од улицата. Платон За доброто на сите. Аристотел За да ја постигне својата ентелехија. Пирон Која улица? Томас  де Торквемада Дајте ми десет минути […]