„Филозофски филмски фестивал“ во Битола: „Касаба“ од Нури Билге Џејлан и предавање на Дејан Здравков

naslovna

Во соработка со Дебатно кино „Контра кадар“ од Битола и Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје, Филозофскиот Филмски Фестивал, во рамки на нивниот „ФФФ караван“ кој го носи фестивалот надвор од Скопје, на 13 април, во Битола, организираше проекција на филмот од втората фестивалска вечер на овогодишното издание на Фестивалот – „Касаба“ (1997), првиот игран филм на познатиот европски режисер Нури Билге Џејлан.

fff-bitola1

fff-bitola2

fff-bitola3

Со овој настан се отвори Контра Кадар Фестивалот во рамките на кој ќе се прикажат повеќе филмови од 13-16 април и ќе се одбележат три години од постоењето на Контра кадар – Битола. Контра Кадар се раѓа како идеја пред три години како културно-политички концепт и оттогаш е ориентиран кон преиспитување на односите во нашето општество, еродирање на догматските нормативи и предрасудите и внесување на доза на субверзивност и нови идеи и алтернативи, во нашите микро светови.

fff-bitola4

fff-bitola5

fff-bitola6

По филмот предавње на тема „Чехов во Анадолија – изградба на една поетска фабула“ со д-р Дејан Здравков, огромен љубител на турската кинематографија и голем познавач на делото на Нури Билге Џејлан, по што следуваше плодна и жива дискусија за филмот и темите кои ги задира и обработува Џејлан во истиот.

 

fff-bitola7

fff-bitola8

fff-bitola9

fff-bitola10

fff-bitola11

fff-bitola12

fff-bitola13

fff-bitola14

fff-bitola15

fff-bitola16

fff-bitola17

fff-bitola18

fff-bitola19

fff-bitola20

fff-bitola21

fff-bitola22

758 total views, 3 views today