“REALIS”: Современа интерпретација на Декартова прва медитација – филм на Андреј Богатиноски

11.4.realis

Наградениот едноминутен филм во рамките на Филозофскиот Филмски Фестивал 2016 – „REALIS“ на Андреј Богатиноски, студент на Институтот за филозофија беше изработен како дел од работилницата за сценарио „Од идеја до премиера“ одржана во рамките на Придружната програма на Фестивалот заедно со м-р Ана Опачиќ од ЕСРА. Филмот претставува современа интерпретација на Декартовата прва медитација од „Метафизички медитации“ и е еден прекрасен спој на филозофијата и филмот спакуван во едноминутно филмско остварување.

451 total views, 1 views today