Григориј Перелман – за генијалниот ум, за материјалниот аскетизам и духовниот номадизам

8.1.grigorij1

Еден од најдобрите живи математичари, Русинот Григориј Перелман, пронајде среќа која не зависи од пари. Ја одби и тоа како заслужената награда од почесно признание и милион долари со став дека нема нешто што може да купи со пари, а што го нема во неговата глава.

Живее аскетски живот, чита книги и тоа го прави бескрајно среќен. Невработен е, живее во станот од неговата мајка во Санкт Петерсбург и со нејзината пензија. Григориј го потврдува непишаното правило според кое „на секој гениј му е потребен брат или сестра за да го издржува“. Комшиите ретко го гледаат, само кога понекогаш ќе се прошета облечен во сако и излитени фармерки. Тврдат дека живее во сиромаштија, иако веруваат дека Григориј истото го мисли за нив.

Перелман живее во светот на Понкареовиот модел на хиперболична геометрија, а тој свет е поубав и поинтересен од овој нашиот, „евклидовиот“. Григориј низ цел свет, оној конвенционалниот, на кој парите и материјалните вредности му се категорички императив, стана предмет на потсмев и на оние кои „едвај завршиле и осмолетка“. Истите оние кои би му делеле совети и на Ајнштајн, додека Тесла би го задевале на улица. Тоа што алгоритмот на Перелман уште не може да најде примена за изживување на рудиментираните и животински нагони, па колку и да звучи истиот интелектуално, а тоа само ја открива примитивната шема со која неговите критичари се обидуваат да го дефинираат животот.

Математиката не е ствар на мислење, како што ни човекот не е рационално битие. Светските институции би требало да го регулираат правото на „возрасните“ да бидат ирационални. Психологијата учи дека кога ќе се најде објаснување за некоја појава, тогаш се блокира природната тенденција на свеста и понатаму самостојно да делува. На тој начин веќе не се запознаваме себеси, ниту развиваме креативни идеи. Една од тие мистериозни појави е и Григориј Перелман, генијалниот ум кој го реши 7-милениумскиот проблем на математиката: тополошкиот проблем според кој секој тродимензионален простор кој е без дупка, поврзан и ограничен, всушност е еквивалент на развлечена сфера. Перелман околу осум години работеше на решавање на Понкареовата хипотеза, а целата постапка ја објасни на 1.000 страници. Освен што одби награда од еден милион долари за тоа, ќе остане запаметен и по реченицата: „Ако можете да ги тренирате рацете и нозете, зошто избегнувате да го тренирате мозокот?“

8.1.grigorij

Математиката е универзален модел на природата, а природата е сè што знаеме. Уметноста и филозофијата се засноваат на математика, додека науката и уметноста се спојуваат во нивната крајна точка. Григориј е руски уметник, љубител на виолините и математичар, кој интелектуално е над монетарниот систем. Само таква личност би можела да реши милениумски проблем. Паметен и скромен, Перелман би требало да биде етички пример за целокупното модерно општество.

Врз основа на суетата на простите луѓе, Западот изгради империја. Антипод на макијавелизмот, Григориј е модерен Диоген, слободен во секој поглед, иако е социјален случај. На Перелман му е доволно тоа што го има, додека некому би му било малку да му дадат и цел град на подарок.

Григориј Јаковлевич Перелман е роден на 13 јуни, 1966 година, а како еден од петте членови на советскиот тим, на Меѓународната математичка олимпијада во 1982 година, освои златен медал. Докторираше во Санкт Петерсбург, предаваше на неколку американски универзитети, но во 1994 година даде оставка на Беркли во Калифорнија и се врати во Русија. Иако го реши Понкареовиот милениумски проблем, за тоа му се пофали на само еден свој колега. Овој, воодушевен од откритието, резултатите ги презентираше пред научната јавност.

8.1.grigorij2

После долга низа од испитувања на неговиот резултат, труст од математички умови го прогласи неговото решение за бравурозно откритие. Но, Перелман ги одби наградата Филдс (еквивалент на Нобеловата награда), како и признанието од CMI со парична награда од 1 милион долари. Луѓето како него едноставно ги надраснуваат медиокритетите и секојдневните човечки потреби на општеството какво што денес го познаваме и живееме, па и потребата за слава и пари. Не се појави на церемонијалното доделување на наградата во Мадрид, што се случи прв пат во историјата на оваа награда, со коментар дека „баш тој ден морал да оди во шумата да бере печурки“, Сосема логично објаснување на еден гениј.

Перелман накратко прокоментира дека Европското друштво на математичари не е компетентно да ја оценува неговата работа, без оглед дали оценките се позитивни или негативни. Со само неколку збора, на руските медиуми им објасни дека не е заинтересиран за пари, ниту за слава, и дека не сака да биде изложен како животно во зоолошка градина. После тоа, стана најголема енигма во историјата на американските медиуми на кои капиталот им е издигнат на ниво на божество.

Сите соби во станот на Перелман се исполнети со книги и хартија. Комишиите се жалат на Гриша дека им пречи кога со пингпонгарско топче тропа по ѕидот. Обичните смртници, какви што веројатно сме речиси сите, трчаат по пари, слава, додека оние како Гриша се задоволуваат со основите потреби, фокусирани врз императивното трагање по решенијата на тајните. Резултат на тоа е дека „материјалистите“ многу побрзо исчезнуваат во заборав. Оние како Моцарт, којо на 36 години умре во најголема материјална беда и кој беше погребан со сиромасите, тие живеат вечно.

Перелман не гледа на сопствените интереси, колку што внимава на човештвото и на идните поколенија. На некои луѓе едноставно им е важно да имаат што повеќе пари, за да купат подобра и поскапа кола, поскапа облека, а притоа ништо конкретно и полезно не прават по цел ден. Тоа е таа замка на „евтиниот“ материјализам во која сè повеќе запаѓа светот, а со него и младите генерации кои ќе го наследат. И еден од најблескавите умови на сите времиња, Никола Тесла, починал како сиромав човек. Иако заслужил неколку Нобелови награди, парите ги собраа оние кои ги украдоа неговите изуми и патенти. Велел дека не му е жал што ги крадат неговите идеи, туку дека му е криво што немаат свои.

8.1.grigorij3

Човекот кој живее за принципите, а не за пари, го отфрла комодитетот знаејќи дека постои нешто кое е повредно од парите. Стварите се финансиски лимитирани и не постои нешто околу кое не може да се преговара. Таквиот вазален однос не се вклопува во концептот за генијот. „Нормалноста“ која ја наметнало мнозинството, е во судир со перцепцијата и поимањето на животот кај оние кои не сакаат да се вклопат во истата. И Григориј во Русија често е мета на потсмев од оние за кои парите значат сè во животот, кои му префрлуваат зошто не ги зел парите и не ги дал во добротворни цели, заборавајќи дека наместо пари, тој на идните поколенија на цивилизацијата им остави врвно знаење, и тоа целосно бесплатно.

Последното што Гриша им го изјави на руските новинари беше: „Знам како функционира универзумот. Тогаш, кажете ми, зошто би трчал да земам некакви милион долари?“

Извор:portalomanija.com

(Текстот е дело на Василиј Голијанин, тука пренесен со некои ситни измени и изостганати делови)

Превод: Александар Еленин

2,888 total views, 1 views today