Шчо напраифме и шчо може(в)ме да напраиме – две години „Акиндин“

naslovna

Сѐ ако беше чад, луѓето нештата ќе ги разликуваа по носевите, (не по очите) вели Хераклит.Навистина, има стадиуми кога е предоцна и за гледање, и за филозофирање – единствено што можеме е мижејќи и неутешно да ги евоцираме спомените за нештата кои ни значеле според пепелта и чадот кои останале од нив.

За овие две години, Акиндин не се миреше со наводниот експиросис и си бараше меѓу сѐ јагленисано по некое живо стебленце. И дури нѐ служи силата и понатаму ќе бараме и ќе собираме вакви можни никулци на самообновата.

Ако навистина е сѐ загубено, тогаш поимот „залудност“ ја губи својата смисла, а приговорот за залудност својата оправданост. Право да си кажеме, што друго ни преостанува? Колку е посилна изнемоштеноста која води во сон и, заради природата на повредата, во кома, толку се поважни,а не позалудни зборовите кои се доволно силни за да не го остават човештвото да заспие. Арно си прашал и си кажал Вилијам Блејк:

If thought is life and strength and breath; And the want Of thought is death.

од Екипата

448 total views, 1 views today