За „Рашомон“, за Куросава, за вистината, за реалноста, за луѓето – муабети со Сидо

1-1

„Има само две грешки кои човек може да ги направи одејќи го патот до вистината: Да не го изоди до крај, и воопшто да не го почне“. Така некако не потсетува Буда со гласот на минатото насочен кон недогледот на човечката иднина.

2

Со такви или слични мисли бевме и ние – комбинирана екипа од Akindin.com и Филозофскиот Филмски Фестивал, придружувани од професорот Стефан Сидовски, кога го договаравме и инициравме овој убав, конструктивен, продуктивен и симпатичен настан  – одржување на еден дел од Филозофскиот Филмски Фестивал во Прилеп, поконкретно проекција на филмот „Рашомон“ и интерактивно предавање-дискусија на Сидо за „Трагањето по вистината во Рашомон“.

3

4

5

Ден 20 мај, 2015 година. Место – Градска библиотека „Борка Талески“, Прилеп (огромна благодарност до библиотеката за излегувањето во пресрет и отстапувањето на одличниот простор за реализација на овој настан). На залезот на топлото мајско сонце кое не гоштеваше со своите западни зраци во просторијата од библиотеката, се собравме екипа убави луѓе, како што рече еден од нашите побратими кои беа дел и од поддршката во реализација на настанот – некомпромитирани и неконтаминирани од културоцидот кој сè поенергично ги манифестира своите сенки над нашиот општествен хронотоп, за барем на кратко да се обидеме да достигнеме и стекнеме некој повисок степен на поука, мудрост, можеби и просветлување, но во секој случај убаво дружење и уживање, проследено со фини културно-уметнички и филозофски дразби.

6

7

Срдечно, срдечно и топло препорачана дружба која треба да се практикува можеби и почесто, а дефинитивно и во повеќе други градови. Импресиите на „акиндинци“ – на ниво. Би рекле, нашите очекувања беа дури и надминати, во поглед на посетеност (како за иницијален настан од овој тип за нас), а особено во поглед на интерактивната дискусија и предавање кои професорот Сидовски ги поттикна и реализираше на одличен, инспиративен и креативен начин, со леснотијата на неговата ерудитност, енциклопедиски познавања и суптилни анализи и толкувања. Со зборови толку, ако е за фајде – доста е. Остатокот од атмосферата на фотографиите.

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

584 total views, 1 views today