„Ѕвезди“ – или за антропогенезата и моралниот закон

07.04.stars

ЅВЕЗДИ

Ги погледнувам ѕвездите

И во нивната констелација гледам

Дека космосот сепак не е уреден така

Антропогенезата да е круна на космогенезата

Моралниот закон нималку не го исполни своето ветување

Да биде внатрешен поредок

 

Постојат две опции

Или ние не сме ја сфатиле констелацијата

Или не го препознаваме моралниот закон

Третата опција е неможна

Но сепак најверојатна

Антропогенезата воопшто не требала да се случи

(Чеплес, 11 јуни 2012)

Тони Димитров

1,753 total views, 1 views today