Славој Жижек, прекалениот филозофски борец – 66 години од неговото раѓање

zizek-1

Пишано било на роденденот на Славој Жижек кај нас на дело и во најсуров, најексплицитен вид да се потврдат некои од неговите клучни тврдења.

Тој уште пред да знае за бомбите на Заев тврдеше дека откривањето на вистината само по себе не може да има потресно влијание врз политичката реалност. Тврдеше дека денес односот на субјектот кон идеологиите е циничен (во слотердајковска смисла на зборот), дека неправедните власти се темелат не врз незнаење туку врз инертност, дека доминантна стратегија на моќниците не е да даваат крива слика за врховните вредности врз кои почива општеството туку да ги испразнат од секоја смисла, дека е неопходен архидушман врз чија опозиција би се формирала некаква идеолошка идентификација врз база на тие испразнети од смисла вреднсони поими…

Значи, доживеавме да бидеме своевиден додаток со илустрации за секој учебник по жижековштина. Затоа, редно и праведно е да му сториме чест за роденденов каква што им следувала на сите пророци од библиски времиња па до ден денес.

744 total views, 1 views today