„Распаѓање“

????????????????????????????????????

РАСПАЃАЊЕ

 

Вдишувам

 

Се движам низ шумата

И ги посматрам паднатите дрва

Нивното трулење

Семиотиката на распаѓањето

 

Се чувствува мирисот на земја и паднато лисје

Труло стебло кое се дели во ситни парчиња

Пополека пропаѓа

И исчезнува

Како што и нашето тело еден ден ќе иструли

И исчезне

Оставајќи траг

Во шумата

Парчиња стварност

Талог на постоењето

 

Издишувам

 

Баново брдо, Белград, 19 февруари 2014

Тони Димитров

545 total views, 1 views today