Филозофите и кафето – претераностите на Волтер, Кант и Кјеркегор

09.03.Kierkegaard-Mug

Веројатно важи за многумина кога ќе се каже дека кафето ги засилува и нашите најголеми интелектуални напори. И дури и кога се тресеме ненаспани или ќе оставиме кафеави крукчиња врз бирото, може да се утешиме со фактот дека исто било и со некои од најзначајните филозофиво историјата.

Назад во 18 век, никој друг туку писателот, мислителот и општествениот деец Франсоа – Мари Аруе, попознат како Волтер, извесно е дека конзумирал некаде помеѓу 40 и 50 кафенца на ден, поточно мешавина од кафе и чоколада. Си доживеал осумдесетина, иако докторот го прдупредувал дека „неговото сакано кафе ќе го убие.“

Ова е извадок од статијата „Девет познати гении кои биле и големи зависници од кафе“. Меракот за благо кафе на Волтер се спомнува и во „10 чудни опсесии на познати филозофи“ од Вирџинија Mуир за Listverse.com каде се именуваат неговото омилено место за кафосување (Café Procope во Париз) и покажува до каде одел неговиот елан забележувајќи дека „дури редовно плаќал баснословни суми за увезување на луксузно кафе за негова лична употреба“. Денес таква работа и не делува баш толку ексцентрично.

immanuel-kant

Подоцна во истиот век, Имануел Кант се навлекол на кафе во своите последни денови. Пишувајќи од прва рака за темата соодветно насловена како „Последните денови на Имануел Кант“, Тоамс де Квинси (и него не му биле туѓи навиките кои живот значат) ја опишува навиката на филозофот „веднаш после ручек да пие шолја кафе“, ритуал кој толку многу го почитувал што, ако почувствувал дека може да не го добие својот нов омилен пијалак, се случувала интересна сцена. Кафето морало да било послужено на лице место (збор кој често му бил в уста во неговите поодминати години). Знаејќи дека ова ќе се случи, Де Квинси гледал да се осигура дека „кафето е мелено, водата врие, и истата секунда кога Кант ќе го речеше тоа, слугата на Кант леташе како стрела и го тураше кафето во водата. Но, ова безначајно одложување на Кант му се чинеше вечност“

Во 19 век, Сорен Кјеркегор исто воспоставил свој ритуал за кафе. Тој „имал свој сопствен прилично чуден начин на пиење кафе“ пишува биографот Јоаким Гарф. „Воодушевено ја отворал кесичката со шеќер и  го истурал шеќерот во филџанот се додека не се натрупал над рабовите од филџанот. Потоа додавал неверјатно силно, црно кафе кое бавно ја растворала белата пирамида.“ Јас лично пијам црно, но како би смееле да се сметаме себеси предобри за забоболката која ја препорачува авторот на „Страв и трепет“?

Мора цело време да имаме на ум дека иако кафето може да е нужен услов за нашите интелектуални достигнувања, никогаш не е доволен услов. Пред да си го наполните филџанот, било да ви е прв или педесетти, било пред или после вечера, било во пирамидата од шеќер или не, прашајте се себе си колкав напредок имате во вашиот сопствен Кандид или Критика на чистиот ум. Отрезнувачко прашање, секако – но после доволно кофеин, и онака ќе се чувствувате прилично трезни.

Извор: Openculture.com

Превод: Кирил Бисероски

1,030 total views, 1 views today