За студенти на филозофија: 44 срдечно препорачани филмови

Perverts-guide-to-ideology

Една од најкарактеристичните одлики на генијалните филмови е дека човека „ќе го остават во мисла“.

Уште од Хегел е познато дека филозофијата и уметноста (поимот и сликата) се сосема идентични во поглед на содржината, а се разликуваат само според медиумот преку кој ја изразуваат.

Филмот е каде – каде подискурзивен од литературата, а поживописен и поконкретен од неа –  тој тукуречи му ги натура филзозофските поенти на гледачот кои читателот би морал низ читањето да ги бара и обмислува.

Затоа,чудно е што дури 2010 некој се сетил да состави листа на 44 суштински филмови за студентите по филозофија. Јунакот се вика Мет Витлок и во самиот список дури остава назнаки за клучните филозофски референци за односниот филм. Единствено мораме да додадеме кон коментарите за Матрикс дека сцената со предавството на Кифер од првиот дел е вистински краток курс по берклијанство.

Првите десет на листата одат некако вака:

Zizek! (2005)
Examined Life (2008)
Derrida (2002)
The Ister (2004)
The Pervert’s Guide To Cinema (2009)
Being In The World (2010)
Bill And Ted’s Excellent Adventure (2001)
When Nietzsche Wept (2007)
The Last Days Of Immanuel Kant (1994)
The Alchemist Of Happiness (2004)

Целосниот попис на препорачаните филмови, во интерес на просторот кој ќе биде обременет ако овде ги објавиме сите, можете да го погледнете ТУКА.

815 total views, 1 views today