Мудрецот „кој не знаеше ништо“

1389587069_item_67_1

Јас, Атињани, ве почитувам и ве љубам, но ќе му бидам послушен на Бога, а не вам, та додека дишам и имам сила, нема да престанам да филозофирам [1], да ве поттикнувам и да му правам забелешки на секого од вас, кого ќе се случи да го сретнам, велејќи го тоа што имам обичај:

„Човеку битен, иако си Атињанин, граѓанин на најголемиот и најпознатиот град по мудроста и по влијанието, зар не се срамиш што од една страна ринташ за да се стекнеш со колку што може повеќе пари, глас и чест; а, од друга страна за разумноста и за вистината, и за тоа како душата твоја ќе стане колку што е возможно подобра, ниту ти е гајле, ниту се грижиш“… Оти, добро нека ви е познато, Бог тоа го заповеда; и, мислам дека никогаш не постоеше поголемо добро за градот од моето дејствување во служењето на Бога. Бидејќи јас не правам ништо друго, освен што талкам наоколу и се обидувам да ве убедам сите, млади и стари, да не се грижите над сѐ и со толкава ревност за вашето тело и за парите, туку за тоа како ќе ја направите вашата душа колку што е возможно подобра. Ви велам дека: „не се создава од парите – доблест, туку од доблеста – парите, и сите други добра на луѓето, и во личниот и во јавниот живот.“

превод од грчки јазик: Епископ стобиски Давид

(Извор: david-ninov.net)

За Сократ, филозофијата е истрага за барање на знаењето. Тука ги предизвикува неговите судии, изјавувајќи дека нема да се потчини на една одлука на демократското мнозинство, којашто ќе му ја забрани филозофската дејност.

1,293 total views, 3 views today