Зошто пилето ја преминало улицата?

patka

Буда

Ако си го поставуваш тоа прашање, со тоа ја негираш својата изворна Пиле – природа.

Зенон Елеецот

За да докаже дека никогаш не би можело да ја стигне другата страна од улицата.

Платон

За доброто на сите.

Аристотел

За да ја постигне својата ентелехија.

Пирон

Која улица?

Томас  де Торквемада

Дајте ми десет минути на само со пилето и ќе откријам.

Макијавели

Така неговите потчинети ќе го гледаат со восхит како пиле кое има одважност и храброст смело да зачекори по улицата, но исто така со страв, бидејќи кој од нив би имал сила да се мери со таков пример на пилешка  моќ? На тој начин се одржува надмоќта на неговото пилешко кнежество.

Дејвид Хјум

По обичај и од навика.

Дарвин

Тоа беше логичниот следен чекор после симнувањето од дрвјата.

Ниче

Бидејќи ако доволно долго гледаш во Улицата, и Улицата ќе почне да гледа во тебе.

Ралф Валдо Емерсон

Не ја поминало – ја трансцендирало.

Маркс

Тоа е историска неизбежност.

Лудвиг Витгенштајн

Можноста за “преминување” е вкодирана во објектите “пиле ” и “улица” и настапиле околности кои овозможиле актуелизација на оваа потенцијална можност.

Жан Пол Сартр

Одбирајќи да ја помине улицата, избрало за сите пилиња и се ангажирало во создавањето свет во кој пилињата слободно ќе можат да ги поминуваат улиците.

Б.Ф. Скинер

Бидејќи надворешните влијанија кои го формирале неговиот сетилен апарат од раѓањето предизвикале тоа да се развие на тој начин да има тенденција  кон преминување улици, иако верува дека овие акции потекнуваат од неговата слободна волја.

Алберт Ајнштајн

Дали пилето ја преминала улицата или улицата е придвижила под пилето зависи од точката на посматрање.

Бернард Хајзенберг

Не можеме да бидеме сигурни на која страна од патот било пилето, но извесно е дека се движеше многу брзо.

Жак Дерида

Безброј сопернички дискурси можат да се откријат од актот на преминување на улицата, и секоја од нивните интерпретации е еднакво валидна ,  а изворната интенција никогаш не може да се распознае бидејќи структурализмот е МРТОВ, ДА МУ СЕ НЕВИДИ, МРТОВ !!!

 

1,026 total views, 1 views today