Колку филозофи се потребни за да сменат светилка?

A-Philosopher-Giving-a-Lecture-on-the-Orrery_Wright

Колку филозофи требаат за да сменат светилка?
-Зависи што подрзбираш под “промена”
-Хммм….навистина интересно прашање, зар не?
-Дефинирај “светилка”
-Од кај знаеш дека треба да се смени?
- Тројца. Еден да ја смени, а двајца да расправаат дали постои.

Колку деконструктивисти требаат за да сменат светилка?
Напротив, Нил е најдолга река во Африка.

Колку аналитички филозофи требаат за да сменат светилка?
Ниеден. Тоа е псевдо – проблем. Светилката така се вика зошто дава светлина. Ако е прегорена, скршена или не дава светлина од било која причина, тогаш воопшто не е светилка, па оттаму и не може да се смени светилката. Сево ова е зошто не разбираме како функционира јазикот.

Колку кантијанци требаат за да сменат светилка?
Двајца за да ја сменат светилката – појава, и еден да објасни дека можеби воопшто не сме ја смениле светилката -по – себе.

Колку хераклитовци требаат за да сменат светилка?
Ниеден. И онака тоа никогаш не е истата светилка.

Колку застапници на теоријата на говорни чинови требаат за да сменат светилка?
Дали навистина сакаш да знаеш или само ми бараш да ја сменам?

Колку епикурејци требаат за да сменат светилка?
Ниеден. Тие имаат попаметни работи да прават – во темница.

Колку модални логичари требаат за да сменат светилка?
Зависи во кој можен свет.

Колку скептици требаат за да сменат светилка?
Ниеден. Не можеш да бидеш сигурен дали навистина си во мрак. А и за такви дреболии не вреди да си го распипува човек раатот.

Колку Даниел Денетовци требаат за да сменат светилка?
Зависи колку верзии од светилката има кои одговараат со бројот на верзии од Денет.

Колку геделијанци треба за да сменат светилка?
Тројца. Само аман не барај да ти докажам.

Колку картезијански дуалисти требаат за да сменат светилка?
Да ти кажам право, не сум сигурен дека воопшто можат. Некни дванаеет души пробуваа, но и покрај тоа шо се изнакачија сите еден врз друг на рамена, сепак не ја достигнаа светилката.

Колку монисти требаат за да сменат светилка?
Не зафркавај. Има само еден монист.

Колку аристотелијанци требаат за да сменат светилка?
Точно четворица. (Како и за било што друго, штом се работи за каузалитет).

Колку марксисти требаат за да сменат светилка?
Сијалицата во себе го содржи зачетокот на својата сопствена промена. Дури сама не стаса за сменување – џабе се и 1000 души. А кога ќе стаса – доста е и еден.

Колку ничеанци требаат за да се смени светилка?
Ниеден, само треба да чекаме пак да дојде моментот кога светилката ќе почне да свети.

780 total views, 1 views today